На нашата мала планета има едно место, каде човек може да заборави дека живее на Земјата. На тоа необично место таа се прегрнува со небото…
Салар де Ујуни е најголемото солено езеро во светот, но поинтересно е дека тоа може да не заслепи со нешто неверојатно. Имено – да одиме во облаците!
Ова чудо на природата се наоѓа во близина на Андите, и е покриено со неколку метри покривка од сол. Секоја година тенок слој вода ја залива и така Салар де Ујони се претвора во најголемо огледало на Земјата…
Небото се огледа во него, а луѓето имаат единствена можност да се прошетаат по него.
Погледот го сопира здивот! Ова е нешто што задолжително треба да се види, па макар и на фотографија.
Доаѓате ли со нас?








