Во многу случаи, сексот не исчезнува преку ноќ. Постојат многу различни причини поради кои сексот може да го снема од бракот, како:
- динамичен живот, исполнет со многу обврски;
- намалена желба за секс поради здравствени проблеми;
- мали деца и немање на приватност;
- депресија;
- загуба на самодоверба поради физичкиот изглед;
- немање на взаемна доверба и разбирање;
- неверство;
- отсуство на физичка привлечност кон партнерот;
- финансиски или други проблеми во бракот.
Брачните парови кои се соочуваат со овој проблем често чувствуваат лутина и/или срам и не се обидуваат да побараат помош од нивните пријатели или пак од стручни лица. Најчесто ваквите бракови пропаѓаат, без разлика дали официјално ќе завршат со развод или не. Голем број на брачни партнери продолжуваат да живеат заедно затоа што сметаат дека е доцна да прават големи промени во животот и да се разделуваат или затоа што финансиски се зависни еден од друг.
