Романтични модели, воздушести ткаенини, слободно паѓање – тоа е колекцијата на венчаници на Rosa Clara. Таа го носи името “Soft by Rosa Clara” – фустаните се меки и лесни како пердув. Секоја венчаница која ќе ја видите подолу е вистинско уметничко дело. Материјалите кој се користени при изработка на ове венчаници се свила, шифон, сатен и тенок тул. Фустаните се одликуваат со едноставна, но елегантна силуета што ги прави фаворит на многу идни невести.























