- Она што денес ќе го прочитате ни беше препорачано од наши читатели, а ние сметаме дека вреди да го споделиме со сите вас и има што да научиме од него. На многу забавен начин се стигнува до одговорот на прашањето: Што е најважното во животот?
„Во часот по философија професорот застанал пред катедрата, чекајќи студентите да се смират. На катедрата поставил голема празна тегла полнејќи ја со голф топчиња. Ги запрашал студентите дали садот е полн. Тие одговориле потврдно.
Професорот продолжил да ја полни теглата, овој пат со камчиња. Повторно го поставил истото прашање: Дали садот е полн? Тие повторно одговараат потврдно.
Откако го поставил прашањето, професорот исипал кутија песок во истата тегла. И секако песокот ги пополнил сите празнини меѓу топчињата и камчињата.
На крај професорот исипал две лименки пиво, а пивото ги пополнило сите празни места помеѓу основната содржина на теглата.
Студентите почнале да се смејат. „Сега, рече професорот, сакам да ви кажам, дека овој сад претставува вашиот живот. Топките за голф се важните работи во него – семејството, децата, здравјето, љубовта, среќата, верата, надежта, пријателите, желбите, мечтите – ова се оние нешта во животот со таква тежина, што дури и да изгубите се друго и ви останат само тие, животот ќе ви биде доволно исполнет со содржина. Камчињата – тоа се второстепените работи, работата, куќата, колата…Песокот е се останато – малите неважни работи.
Ако најпрво го поставите песокот во садот, нема да има место ни за камчињата ни за топките. Истото се случува и во животот. Ако го губите времето и енергијата за ситници, никогаш нема да имате место во вашиот живот за вистински важните нешта.
Погрижете се најпрво за топчињата за голф, за оние работи кои навистина заслужуваат. Подредете ги своите приоритети. Останатото е само песок.
Една од студентките дигна рака и праша: а каква е симболиката на пивото?
Професорот се насмевна: Се радувам што прашавте. Сакав само да ви покажам, дека не е важно колку е исполнет животот, секогаш ќе се најде место и за две пива:)
