Овој сок е добар и против реума и артритис, а бидејќи копривите имаат многу железо се користат и во борбата против анемија. Го пијат дури и оние кои имаат астма и проблеми со кожата. Исто така се верува дека ги спречува респираторните и уринарните проблеми, но и опаѓањето на косата.
Ќе споделиме со вас две рецепти – еден сосема едноставен, а друг во комбинација со лимон и мед.
Наједноставен сируп од коприви
Потребно ви е:
* 1кг листови од малда коприва
* 2,5 литри вода
* шеќер (500гр на секој 500мл течност).
Измијте ги и исчистете ги листовите од коприва, па потопете ги во вода и крчкајте ги средна температура околу еден час, додавајќи по малку вода. Исцедете, па додадете шеќер и мешајте се додека не се стопи во потполност. Добиениот сируп ставете го во стаклено шише и добро затворете го.

Коприви, мед и лимон
Подгответе:
* околу 400гр свежи малди листови од коприва
* сок од 6 поголеми лимони
* 800гр шрќер
* 5 полни лажици ливадски мед и
* 1 литар филтрирана вода
Постои еден трик, доколку не ви се допаѓа идејата со многу шеќер, можете да го замените со мед, но само еден дел, да речеме 300гр – заменете со 1кг мед, но не го варете и додадете го во оладениот сируп. Вака добиениот сок има пократок рок на траење.
Копривите измиете ги и исечете ги. Ставете вода во садот и ставете (да речеме половина кафеав шеќер, половина бел). Се ставете на оган да се вари повремено мешејќи (откако ќе зоврие оставете го да крчка 5 минути). Доколку се појави пена на површината отстранете ја со лажица.
Копривите ставете ги во керамички сад и полиете ги со шеќерниот сируп. Покриете со чинија и притиснете со потешка чаша или тегла. Оставете да отстои 10 минути. Сега додадете го сокот од лимон и медот. Со раце цедете го сокот и одвојувајте ги копривите.
Кога ќе добиете сируп, исцедете го со цедалка, доколку е потребно и работата е завршена. Сирупот ставете го во стерилни боци, затворете и оставете да стои на ладно и темно место.
Сокот го подготвувате така што мешате ¼ чаша од сирупот со ¾ вода. Сирупот може да трае 6 месеци.
