Убавина

Како да ја одржите витката линија !

За да ја зачуваме витката линија и да го заштитиме својот организам од многу болести, во секојдневната исхрана треба да водите сметка и за количината на храната која ја консумираме, но и за тоа што точно консумирате.

Распоредете ги оброците

Треба да научите (не треба само да знаете, туку треба и да применувате) дека во текот на денот треба да јадете 3 оброка и 2 ужини, но со помалку калории, а во никој случај не смеете да дозволите Вашето дневно мени да се сведува само на два огромни оброка. Во текот на денот, рамномерно со исхраната, ние го распоредуваме и внесот и трошењето на калориите, додека со нерамномерна исхрана ние го шокираме организмот, а со самото тоа го тераме одредена храна да задржи и да ја претвори во целулит, бидејки организмот “не знае кога е следниот оброк и колкав ќе биде”.

Не ја полнете својота чинија

При сервирање, водете сметка да сервирате помалку храна, поради тоа што човек по навика јаде онолку колку што има во својата чинија. Тоа значи дека ако сте сервирале помалку храна (и тоа секогаш практикувајте го), во просек ќе изедете помалку во текот на оброкот. 

Мали порции

Искуствата од истражувањата покажуваат дека многу помалку храна ќе биде изедена и пијалок ќе биде изеден доколку се консумираат од помала чинија или пијалок од помали чаши. Ако така се организирате, ќе изедете помалку храна и ќе ја задржите витката линија.

Намалете ја количината и “јачината” na храната

Потрудете се да консумирате помалку масно месо, повеќе риба и пилешко. Создадете навика да користите млечни производи со помал процент на маснотии во себе (млеко, јогурт или сирење со помалку маснотии), на тој начин Вие во Вашиот организам внесувате помалку млечни масти. За Вашите домашни и гостите не треба да сервирате само скапи и проверено вкусни или познати производи, поради тоа што луѓето со тоа обично стануваат фасцинантни, па консумираат поголема количина храна од вообичаената (или пијат повеќе од “добро” вино или “добро” пиво).

Помалку различни храни на масата

Трпезата во никој случај не треба да биде пренатрупана со разни деликатеси, затоа што тоа јавува желба кај секого да проба од сè по малку. Доколку на трпезата има многу различни има разноврсна храна или продукти, тогаш несвесно пробуваме од сè по малку, па збирот е со доста калории.

Write A Comment