Со пилингот ја чистиме кожата и така го поттикнуваме растот на новите ќелии, создавањето на колаген, се подобрува тенот и текстурата на кожата. Резултат – чиста, помека и здрава кожа.
Пред да го нанесете пилингот намокрете го лицето. Најпрво нежно нанесете го, а потоа со кружни движења масирајте го лицето.
Пилинг од бадеми
Смелете бадеми, отприлика колку 2 лажици. Измешајте ги со испасирани кајсии и неколку капки етерично масло.
Пилинг за тело од мелен ориз и лаванда
Четири лажици мелен ориз, една лажица здробени суви листови од лаванда и две лажици билно масло. Овој пилинг е одличен за телото, по неговата употреба кожата на телото ќе ви биде неверојатно мека.
Бидете креативни! Одберете било што од својот дом. Природните состојки се со сигурност поздрави од препаратите кои ќе ги купите.
