Motherhood

Направете го миењето заби забавно!

Постојат многу различни начини да го мотивирате вашето дете да ги мие редовно забите. Еве неколку од нив:

Направете го миењето заби забавно. Во денешно време лесно е да го измамите вашето дете да ги мие забите, затоа што има многу продукти во весели бои кои се наменети да го освојат неговото внимание.

Дозволете му само да си ја избере четката и пастата. Децата ги обожаваат четките со ликови од цртаните филмови и пастите во различни бои.

Купете две четки – едната да ја користи наутро, а другата навечер. Така ќе му ја зацврстите навиката за миење на забите два пати дневно.

Создајте игри. Можете да станете и да речете „Јас прва ќе стигнам до четката и да тргнете кон бањата“. Така ќе предизвикате вашето дете да се трка со вас до четката за заби и несвесно да го натерате да си ги мие забите со вас. Или пак, може да организирате игра кој подолго ќе ги мие забите. Кога ќе изминат 3 минути, вие плукнете и со тоа ќе изгубите во играта, а вашето дете ќе стане горд победник. Така и вие ќе си ја постигнете целата, а вашето дете нема да го чувствува миењето заби како досадна обврска.

Write A Comment