Убавина

Јаткастите плодови разубавуваат!

Јаткастите растени разубавуваат. Содржат масти кои ја регулираат еластичноста и мекоста на кожата на лицето и не дозволуваат запиушување на порите. Дополнително важно е да се знае дека јаткастите овошја се семиња каде материјата е високо концентрирана, бидејќи семето треба да му ги обезбеди сите потребни хранливи материи на младото растение додека тоа не развие корен и листови.

Неколку истражувања покажале дека луѓето кои редовно ги вклучуваат јаткастите овошја во својата исхрана поретко страдаат од срцеви проблеми. Исто така, забележано е дека некои од овие плодови, како бадемите и оревите, ги намалуваат количествата на штетниот холестерол во организмот. Иако јаткастите овошја содржат повеќе субстанции кои благотворно делуваат на срцето, се смета дека нивната најголема доблест е присуството на омега-3 масните киселини (кои се незаменливи за поделбата на клетките и нивниот развој во организмот). Јаткастите овошја, исто така се богати со калциум, магнезиум, калиум, а содржат и витамини, минерали како и значителна количина на протеини.

Во групата на јаткасти овошја спаѓаат бадеми, ореви, лешници, кокос, ф`стаци, кикиритки и други. 

Write A Comment