Motherhood

Името го одредува професионалниот пат на детето и неговиот успех

Децата кои имаат име  со потежок лингвистички израз не се многу омилени кај учителите, додека девојчињата со поженствени имиња имаат поголем успех на хуманистичко поле, тврди студијата.

За секој родител неговото дете е единствено, и повеќето тоа сакаат да го покажат со необични или препознатливи имиња. Голем број од нив, името за своето сè уште неродено дете го пребаруваат на интернет, откри едно истражување на Универзитетот “Nortvestern” во Њујорк. Следејќи го името на детето врз неговиот живот откриле дека машките деца кои носат име со погрешен лингвистички изговор, не се баш многу омилени кај своите учители во училиштето. Учителите ретко во нив ги препознаваат надарените ученици, упатувајќи ги на прилагодени програми за учење, а тие ученици постигаат најслаби резултати на тестовите, потврдува истражувањето.

Имињата ја одредува и кариерата. Девојчињата со поженствени имиња, поуспешни се во професиите од хуманитарен карактер, додека тие со помашки имиња се подобри на полето на природните науки, објаснува авторот на студијата Dejvid Figlio.

–  Името кое ќе му го дадете на вашето дете може да му остави трајни последици, и затоа пред да се одлучите, добро размислете – истакнува тој.

Според нивните сознанија, повеќето родители сакаат единствено и препознатливо име за своето дете, потоа на ред доаѓаат тие кои даваат необични имиња. Само мал број од нив сакаат вообичаено име за своето дете.

Одбирање имиња

Скоро 50 отсто името за своето дете родителите го бараат во популарната култура,но секој петти ги избегнува имињата на познатите и славните, открива студијата на британскиот сајт “BabyCenter.com” која го состави списокот на најпопуларните имиња за 2011 година. Ова година за машките деца најпопуларно име било Ejden, а за девојчињата  Sofija. Родителите измислуваат имиња или ги наоѓаат во речник само и само нивното дете да биде единствено.

– Родителите сакаат нивното дете да биде препознатливо, но тоа е тешко со оглед на бројот деца кои се раѓаат секој ден. Ова го објавуваме само за тоа родителите да знаат што другите родители прават – истакнува Linda Mareј,  главната уредничка на сајтот.

Write A Comment