Постојат голем број директни предизвикувачи на дехидрација со кои можеме да се сретнеме во секојдневниот живот. Меѓу оние најчести се: повраќање, дијареа и губење на крв, а како налогична причина е неоволното внесување на течности.
За дехидрарање исто така можат да бидат одговорни и разни зарази и болести кои посебно делуваат на развојот на активна дехидрација. Таа се појавува после зголемување на телесната температура и интензивното потење. Воедно е и главна причина поради која Вашиот лекар секогаш повеќе пати нагласува за тоа колку е важно да внесувате што повеќе течности ќе ве совлада некоја болест.
Нашето тело ја употребува течноста за исфрлање на токсичните супстанци од организмот и одржување на телесниот систем рака да бидеме здрави, флексибилни и потполно функционални.
Најчести симптоми и највпечатливи знаци на дехидрација
Симптомите на дехидрација првиот пат вообичаено се манифестираат тогаш кога особата исклучително е жедна, а со текот на времето има потенцијал да прерасне во нешто многу посериозно. Желбата за вода станува сè поголема, а целата состојба е сè потешка за издржување. Првите знаци и симптоми на блага дехидрација кај возрасните особи се јавуваат тогаш кога телото ќе загуби приближно 2% од севкупната количина на течности.
Здраво тело
