Резервната маст се состои од неутрални масти или триглицериди, потхранета во мастите на т.н. адипозни ќелии, депоа на мастите. Оваа резервна маст се депонира за време на гладувањето, додека структурните липиди се зачувани. Тоа е таканаречената вкупна телесна маст, која е составена од поткожна маст и од масти кои се наоѓаат околу внатрешните органи. Резервната маст настанува од вишокот на внесените калории, а од различнииот изглед, состав и метаболизам, се разликуваат два вида на масти: БЕЛА МАСТ и КАФЕНА МАСТ.
Кафеавата маст, кај неугоените луѓе, го сочинува помалиот дел од вкупната маса на масти во организмот, и е пораспространета кај децата, но ја има и кај возрасните и животните, а се наоѓа меѓу: лопатките, под тилот, по должината на големите крвни садови на градниот кош и стомачната празнина и на други места околу внатрешните органи. Во останатите депонии на мастите се наоѓа белата маст. Најважните разлики се тие што ќелиите на кафеавата маст содржат многубројни митохондрии кои се разликуваат од митохондриите во другите ткива. Всушност, покрај оксидативната фосфоризација, која овозможува создавање на големи количини на метаболитичка енергија во форма на АТП-от, овие митохондрии поседуваат и т.н. “куса – кружна” спроводливост за протеините, кои не го синтетизираат АТП-от, туку со посредство на еден специфичен полипид овозможуваат создавање на поголема топлинска енергија, односно ја канализираат енергијата во насока на термогенезата. Едноставно речено, доаѓа до намалување на масното ткиво, односно до губење на несаканата (масна) телесна тежина. Кафеавата маст е активна во луѓето (и животните) адаптирани на студ, при што степенот на продукција на топлината и циркулацијата на крвта во масното ткиво се зголемени. По јадење, многу бргу доаѓа до зголемено создавање на топлина, и тоа со потекло од т. н. специфично динамично дејство (СДА) на храната, то ест од асимилираните продукти, а нешто подоцна се надоврзува кафеавото масно ткиво со својата засилена термогенеза, поради надразнувањето на симпатичката инервација. Здебелените луѓе често се жалат дека јадат малку, но сепак се здебелуваат, бидејќи “за нив се залепува секој залак”. Во поново време има такви експериментални податоци, врз основа на кои се чини дека има некаква вистина во тие тврдења.
Не значи дека вгоеноста може да настане без внесување на вишок калории, туку само тоа дека лицата кои се сколони кон дебелеење треба да вложуваат многу поголеми напори за да останат нездебелени. Личностите кои се склони кон добивање на вишок килограми треба значително помалку да јадат, а многу повеќе физички да се активни, како би можеле да ја одржуваат нормалната телесна тежина.
Убавина
