Мојата кујна

Италијански пирошки

ПОТРЕБНИ СОСТОJКИ:

* 1/2 коцка квасец

* 1дл  млако млеко

* 1 лажиче шеќер

* 1/2 дл масло

* 1кг наменско брашно

* 1 јајце

* 30гр сол

* 3 дл кисела вода

ЗА ФИЛОТ:

* 200гр прашка шунка

* 400гр кисела павлака*400гр кашкавал

* 200гр бело сирење

* 200гр кечап, сенф, оригано или босилек

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Измешајте го квасецот во млекото и додадете едно лажиче шеќер. На побрашнета површина ставете брашно и сол и направете вдлабнатинка па додадете го млекото со квасецот, малку измешајте, па додадете го јајцето, маслото и киселата вода. Замесете тесто, ниту меко, ниту тврдо. Измесеното тесто ставете го во поголема кеса, подмачкана од внатрешната страна (за да не се залепи) и оставете го на собна температура се додека не достигне три пати поголем волумен. Тогаш поделете го на три дела , премесете го уште еднаш секој дел и развлечете го со димензии 15×25см. На средината ставете две парчиња шунка, па врз шунката павлака, па рендан кашакавал и рендано сирење, додадете кечап, сенф, рен и зачини по желба. Поклопете го тестото по долгата страна, потоа споете го со краевите и поклопете го од  другата страна. Врз пирошката изрендајте кашакавал и ставете малку кечап. Печете на 200 степени околу 15 минути.

Write A Comment