Здраво тело

Како да го вратиме времето назад?

Науката пресмета дека можеме да се подмладиме неколку години ако се придржуваме кон следниве препораки:

–        Ако се храниме квалитетно секој ден, ако посветиме внимание на здравата храна, ќе изгледаме со 3-4 години помлади.

–        Ако правиме редовни прошетки ќе се подмладиме 2-3 години. Чистиот воздух смирува, ослободува од стресот, ја подобрува работата на срцето и белите дробови.

–        Ако спиеме по 7 часа секоја ноќ. Можеме да го вратиме времето назад со 3 години.

–        Ако имаме редовен сексуален живот, 2-3 пати седмично, има веројатност да се подмладиме 10 години.

–        Ако водиме интензивен социјален живот во друштвото на добри пријатели ќе изгледаме 5 години помлади.

–        Важно е да се знае дека проблемите со дигестивниот систем водат до брзо стареење на кожата. Затоа престанете да го преоптоварувате организмот со штетна храна во која група припаѓаат пржено, бел шеќер, бело брашно, чипсови и други грицки, колачи, торти и сл.

–        Огромните количини нездрава храна го оптоваруваат непотребно системот за варење. Затоа се препорачува неколку пати во годината да спроведете 3 дневна детокс диета за да се ослободите од натрупаните токсини.

–        Водата е задолжителна! Не помалку од 2 литри дневно!

Write A Comment