Ако сакате мирна ноќ и квалитетен сон, прочитајте ја листата на десет намирници кои треба да ги избегнувате.
Црвено месо
Црвеното месо е полно со протеини и маснотии поради кои органите за варење напорно ќе работат цела ноќ. За телото да дојде до состојба на длабок сон, целиот органски систем треба да работи без оптеретување, а црвеното месо е најтешко за варење.
Алкохол
Вистина е дека алкохолот може да ве успие, но тој нема да ви овозможи долготраен и освежителен сон. Алкохолот го оптоварува сонот бидејќи тој доведува само до првите фази од спиењето од кои телото нема баш некоја корист. Освен тоа, поради алкохолот, многу е веројатно дека во текот на ноќта ќе се будите по неколку пати.
Црно чоколадо
Црното чоколадо, како и кафето содржи кофеин и други стимуланси како теобромин, поради кои срцето почнува побрзо да чука. Ако баш морате да изедете нешто благо, подобра опција ви е коцка бело чоколадо.
Лук
Лошиот здив нема да ви биде единствениот проблем. Лукот може да предизвика киселина и други проблеми со желудникот. Затоа избегнувајте да го јадете навечер.
Житарки
Житарките се полни со рафиниран шеќер и други јаглени хидрати. Поради нив, нивото на шеќер во крвта може нагло да се покачи, а тоа не е баш идеален начин за да се подготвите за убав и квалитетен сон.
Колачи
Една неодамнешна студија покажала дека седум од десет луѓе кои пред спиење конзумираат брза храна како чоколадни и други колачи се склони на ноќни мори. Се претпоставува дека високот ниво на шеќер во крвта предизвикува зголемени мозочни бранови поради кои сме склони кон ноќни мори.
Пица
Мрсна и солена пица ќе го оптоварува желудникот цела ноќ. Кечапот е прилично кисел, а во комбинација со месото и кашкавалот многу лесно може да предизвика киселини во желудникот.
Тестенини
Тестенините во текот на спиењето ќе се претворат во чисто сало. Поголемиот дел од тестенините имаат висок гликемиски индекс, па отткука најверојатно ќе ви предизвика високо ново на шеќер во крвта поради што тешко ќе заспиете и често ќе се будите во текот на ноќта.
Сладолед
Од сладоледот ќе добиете силна енергетска инјекција баш кога треба да спиете. Секако, оваа енергија нема каде да се потроши, па целата ќе се претвори во сало. Освен тоа, врз квалитетот на сонот влијае како и колачите.
Целер
Целерот е природен диуретик, па поради него цела ноќ ќе го посетувате тоалетот.
