Здраво тело

Која е тајната за пивото и пивскиот стомак!

Како што и можеше да се претпостави, пивото не е главниот виновник за појавата на пивскиот стомак: таа улога ја превзема големата количина на калории внесени во огранизмот. По зголемувањето на калориите, доаѓа до преобразување на струкот и абдоменот, кој пак, “виси” над панталоните.

Факт е дека калориите, било оние кои се од алкохолот, зашеќерените пијалоци или преголемите порции храна, ја зголемуваат телесната и стомачната маса. Сепак, оние кои потекнуваат од алкохолот, ако се земе сè во предвид, имаат најголемо дејство за задржување на мастите во средишниот дел на нашето тело.

Воопшто говорејќи, консумирањето на алкохолот, се доведува во тесна врска со зголемување на телесната маса во пределот на струкот, бидејќи со внесот на алкохол, црниот дроб целата енергија ја троши на согорување на алкохолот наместо на согорување на мастите, истакнува Д-р Мајкл Јенсен, експерт од областа за ендокринологија.

Уште една причина поради која пивото највеќе се споменува како кривец за голем стомак е и тоа што пиејќи пиво ние често пати се забораваме во пиењето пиво, а со самото тоа внесуваме и огромен број на калории во нашето тело. Просечното пиво во себе содржи 150 калории, а доколку испиете повеќе од едно во краток временски период, можете сериозно да се “отруете” од голем број на калории. Исто така, не треба да ја заборавите храната која се внесува во организмот во комбинација или истовремено со пивото. Алкохолот како таков додатно го зголемува апетитот. А кога Вие сте на некоја прослава, забава или во друштво на своите пријатели, па веднаш при рака ви се алкохолните пијалоци, специјалитетите на скара, грицкалки и сл. тоа може да се претвори во вистински “хорор” за Вашиот стомак.

Поради што мастите најмногу се таложат во стомакот?

Кога во организмот внесувате многу повеќе калории отколку што тие се во можност да бидат согорени, тој вишок на калории се претвора во маст и се таложи, а тоа каде концентрацијата на таложењето ќе биде најголема, зависи од делот од годината, полот и хормоните. При развојот на момчињата и девојчињата до пубертетот, тие генерално имаат иста карактеристика кога е во прашање распоредување на мастите. Меѓутоа, со доаѓањето во пубертетот, сè се менува. Кога станува збор за женската популација, за неа е карактеристично појавата на поткожни масни наслаги, што кај момчињата баш и не е случај, така да доаѓа до зголемување на вишокот калории, односно масти, пред сè во пределот на рацете, бутовите, задникот и стомакот. Имајќи предвид дека момчињата имаат многу помалку проблеми со појавата на поткожни масти, ним не им преостанува ништо друго од тоа да се таложат во пределот на стомакот.

Решение

Кога станува збор за решавање на овој пробелм, не постои некаков вид на “магија”. Нам ни остануваат потврдените и проверени начини: намалување на внесот на калории и зголемување на физичките активности.

Тоа значи намалувањето на количината на пиво (број на испиени шишиња и чаши) и намалување на количината на храна во комбинација со пивото. 

Друг совет е го намалите борјот на спортски натпревари или други содржини пред Вашиот телевизор (или да го намалите седењето пред Вашиот компјутер), а да ги зголемите минутите на прошетка или спортските активности.

Write A Comment