Здраво тело

Како да внимавате на мастите!

Во типичната современа исхрана, со внесувањето на поголеми количини месо, ние внесуваме омега 6 и омега 3 масни киселини во однос 10:1. Таквиот однос може да предизвика појава на заболувања како што се разни алергии, срцеви заболувања, астма, па дури и некои облици на рак.

Како доаѓа до ова пореметување? Изгледа дека одговрот на ова прашање лежи во тоа дека повеќето луѓе денес се исхрануваат со природни намирници, како што тоа го правеле луѓето во минатото, а не здравата и не природна промена во типичната исхрана во другите земји на Запад, во текот на последното столетие, ја пореметила рамнотежата помеѓу двата облици на есенцијалните масни киселини, омега 3 (кој се наоѓа во масните риби, како е лососот) и омега 6 (кои се наоѓаат во животинското месо и во некои широко користени билни масла, како што се пченкарното масло). Овие две есенцијални масни киселини се потребни на нашето тело, но некои истражувачи укажуваат на тоа дека соврменета исхрана, под која се подразбира голема количина месо значително ја зголемува количината на омега 6 киселините во телото, а ја намалува количината на омега 3, со лоши последици по здравје.

Како последица на овие не природни и доста опасни не урамнотежени масни киселини, можат да се предизвикаат разни тегоби поврзани со автономни болести, алергии, срцеви болести, астма па дури и некои облици на рак. Ваковото лошо делување на не рамнотежните масни киселини на здрвјето е потврдено и со објавеното истражување од страна на тимот научници на Вејк Форест факултетот и Медицинскиот факултет Харвард, објавено во својот магазин “Journal of Biological Chemistry”.

Исто така оваа студија биле изнесени антрополошки податоци кои ја подржуваат претпоставката дека нашите предци успеале да одржат рамнотежа на омега 6 и омега 3 масни киселини во однос 2:1 (двапати повеќе омега 6) во текот на поголем дел од човековата историја. Во споредба со тоа, денес луѓето во многу западни земји, во исхраната се консумираат 10 пати повеќе омега 6 масни киселини отколку омега 3. Овој вишок на омега 6 масните киселини се конвертира во молекулите кои имаат инфламаторно својство, кој доведува до раст на систематски инфекции и мноштво здравствени проблеми кои се во голема епкспанзија.

Научниците од Вејт форест факултетот утврдиле дека активноста на многу гени, кои предизвикуваат нарушувања драматично се намалила, во однос на современата исхрана која е презаситена со омега 6 масните киселини. 

Write A Comment