Мојата кујна

Плескавици од спанаќ. Готови за 25 минути!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

*1кг спанаќ

*2 јајца

*брашно по потреба

*вегета

*1 чешне лук

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Спанаќот благо обарете го и ситно исецкајте го. Во сад ставете ги јајцата, додадете го спанаќот и со рака соединете ги. Додадете го ситно сецканиот лук и зачинете. Откако добро ќе ја соедините смесата, додавајте лажица по лажица од брашното и мешајте додека смесата не стане цврста, но не и премногу цврста. Оставете ја да отстои во фрижидер околу еден час, па печете во рерна.

Write A Comment