Убавина

Како до долговечност и младалачки изглед!

Како старееме во што повеќе подобро здравје, во очекување се што повеќе витални функции?

Дали е исправно да се каже “старост-болест”?
Експертите објаснуваат дека стареењето често е придружувано со појавата на една или повеќе хронични болести, но сепак наведуваат дека не мора секогаш да биде така. Некои болести механички ги нарекуваме болести на подоцнежните болести, иако тие всушност не зависат од годините на заболените особи – остеопороза, срцев удар, дијабетис и рак. Ризикот од заболувања од овие болести, се зголемува со неадекватни физички активности, генетски предиспозиции и лоша исхрана, а не со староста.

Како да се борите за што попријатни денови во староста?
Секако, тука начинот на исхрана има доста важна улога. Постојат намирници кои се најдобри за превенција, одложување или миниминизирање на не пријатните последици на староста, како што се слабеење на видот, меморијата и др.

Поголем број препорачани начини на исхрана вклучуваат: свежо овошје, зеленчук, мешунки и житарки. Всушност овие намирници имаат моќ да го забават стареењето. Тие содржат многу хранливи и корисни елементи, а најважни се антиоксидансите, пред сè витамини Ц и Е. Во староста, во исхраната треба да го оптимизирате внесот на протеини, калциум и витамин Д, а да ги минимизирате некорисните состојки, како што се маснотиите.

Се поставува прашање: кои конкретни намирници треба да се вклучат во исхраната на прагот на староста и во самата старост?

Важна врста на намирници кои се препорачуваат се: костенливото овошје – ореви, бадеми, лешници и сл.

Костенливото овошје е богат извор на протеин и со тоа е одлична замена за месото, а од тука не произведува холестерол во организмот. Едно истражување во Америка, ја докажува корисноста на констенливото овошје. Научниците анкетирале 35,000 жени, и ја потврдиле тезата дека е намален ризикот од срцев удар кај оние испитаници кои во подолг временски период консумирале храна богата со витамин Е, со кого е богато костенливото овошје.

Еве неколку предлози на вкусни оброци за долговечност:

  • Појадувајте житарки со јогурт, или варен зеленчук со малку исецкано костенливо овошје.
  • Уживајте во парчињата интегрален леб премачкан со путер од кикиритки.


Без обзир на тоа на која возраст сте, бидете си себе си добар пријател. 

Write A Comment