Потребно:
- 230 грама чоколадо
- 50 грама путер
- 30 милилитри ликер од кафе
- 30 грама кафе
- 125 грама блага павлака
Подготовка:
На пареа се меша млечната чоколада, слатката павлака и кафето да се стопи и да се изедначи. Се додава ликерот од кафе и путерот.
Потоа добро се меша со миксер. Смесата се става во фрижидер добро да се олади и да се стегне. Потоа од смесата се прават топчиња
Секое топче се валка во рендана чоколада.
Топчињата до служење стојат во фрижидер.
