Убавина

Како да изгледате секогаш одморено!

 Еве неколку совети и трикови, кои Вам ќе ви помогнат да го победите заморот и ќе ви помогнат да бидете полни со енергија во текот на денот:

За да добиете утринско енергетско засилување, појадувајте.

Истражувањата покажале дека личностите кои редовно појадуваат, имаат повеќе енергија и подобро се расположени во текот на денот од луѓето кои нередовно појадуваат.

Но, не може било што да се појадува!

На пример крофните, кроасаните и сличните јадења содржат многу повеќе шеќер и натриум, а помалку здрави маснотии, ни даваат јаглехидрати, но ретко и протеини. Кога појадувате од тој вид на јадења, добивате супер-засилување на енергија веднаш по оброкот, но за околу 2 часа подоцна ќе “паднете на земја”.

Наместо тоа, прва цел нека ви биде храна која содржи урамнотежена мешавина од висококвалитетни јаглехидрати, протеини и здрави маснотии. Добар пример за тоа, се да речеме житарки во комбинација со бадеми или омлет од белки со парче авокадо и малку јагоди.

За повеќе енергија, измамете се сами себе!

Облечете се убаво. Тргнете на работа или “кон” обавувањето надневните обрски со насмевка на лицето. Дадете му на Вашето тело впечаток дека имате енергија. Истражувањата покажале дека дури и едноставната насмевка помага при лачењето на андофинот и серотонинот, кој пак го подобрува расположението, а со тоа и енергичноста.
Променете го дневниот ритам

Вашиот мозок брзо ќе се засити од истата рутина. Ако ја менувате рутината, мозокот ќе го исклучи допаминот и со тоа ќе го подготви телото за акција. Вашиот мозок постојано се обидува да го предвиди начинот на кој функционира светот, така што кога ќе наидете на нешто ново, мозокот ја гледа можноста да научи нешто ново. Дури и мали промени, како што се алтернативниот пат по кој ќе стигнете до работното место, се важни во овој процес.

Да останете будни во текот на долгиот состанок, пијте нешто ладно

Било каков ладен пијалок инстантно ќе ве “разбуди”. Водата е идеален пијалок, но за додатен стимул, пијте леден чај. Комбинација на кофеин и аминокиселината теамин ќе ги стимулира алфа брановите на мозокот, кои се поврзани со “будната” состојба.

Write A Comment