Здраво тело

Пивото комбиниранос о ф`стаци штити од рак!

Ф’стаците, како што истакнаа научници, содржат гама-токоферол, еден од многубројните облици на витаминот Е кој е познат по антиоксидантното својство и заштитно дејство против некои врсти на рак.

Научниците констатирале дека редовното консумирање ф’стаци може да ја зголеми апсорбцијата на гама-токоферолот, што би требало да намали опасноста од појавата на рак на белите дробови и рак на простатата.

Во испитувањето учествувале група пациенти кои секојдневно консумирале околу 100 ф’стаци, што одговара на тежина од околу 70 грама ф’стаци.

После неколку седмици е утврдено дека кај испитаниците нивото на гама-токоферолот е многу поголем.

Научниците како добар извор на гама-токоферол, покрај останатите, ги наведуваат, маслото од соја и кикириките.

Исто така од страна на научниците е соопштено и дека пивото е доста ефикасно во спречувањето на појавата на рак, поради тоа што во својот состав содржи хмељ, кој пак содржи ксантохумол. Тој антиоксиданс, кој е со растително потекло може да го блокира дејството на хормонот тестестерон и на тој начин да спречи појавување на рак на простатата.

Write A Comment