Motherhood

Бракот е едно од најдепресивните нешта во животот

Да си оженет може да не е толку убаво нешто, барем според новите медицински истражувања кои тврдат дека бракот ја зголемува склоноста кон депресија. Главните “симптоми” на брачните двојки се постојана зајадливост и нервоза. Ова се основните предуслови за долгорочен стрес, кој не може да се компензира од позитивните аспекти на бракот, објаснуваат научниците.

Стресот може да ги направи сопружниците помалку чувствителни на позитивните настани во нивните животи. Претходните истражувања покажаа дека мажените дами се посреќни и поздрави како целина. Но 11-годишна студија направена на Универзитеот Висконсин  стави знак прашалник пред десетици истражувања, според кои бракот влијае добро на партнерите.

Write A Comment