Баш како што го освоија светот, чантите од Michael Kors во иста мерка задоминираа со улиците на нашата метропола. За чантите кои се хит оваа сезона, познатиот американски дизајнер намени многу различни модели, за секој женски стил, вкус и потреба. Од мини чанти кои ќе ве пратат во вечерните прилики, па се до дневни модели кои овозможуваат доза на елеганција, Michael Kors има се што ви е потребно за модното лето кое следи.














