Склоноста на детето да ја користи повеќе левата или десната рака може да се види веќе во деветтиот месец од неговиот живот.
Кога можете да откриете дали е вашето дете деснак или левак?
Кога детето ќе посака да ја дофати понудената играчка, тоа ќе се обиде да го направи со неговата доминантна рака, односно онаа која е посилна и попрецизна. Родителите обично не се во состојба да проценат дали нивното дете е деснак или левак, се додека не наполни две или три години.
На оваа возраст децата започнуваат да ја користат континуирано едната рака повеќе од другата. Некои пак, подеднакво ги употребуваат обете рачиња се до петтата или шестата година од животот, за потоа да го направат “конечниот избор”. Ваквата предиспозиција ја одредува нервниот систем, и многу е важно родителите да не се обидуваат да влијаат врз своите деца и нивната склоност која рака ќе ја користат повеќе.
Многу често се случува родителите да го форсираат детето да ја користи десната рака наместо левата, доколку детето е левак. Ваквиот пристап може да го збуни и да доведе до појава на проблеми со координацијата на работата на обете раце, а во најлош случај и до појава на пречки во развојот на мануелната агилност.
Некои родители сметаат дека ако нивното дете е левак, дека тоа е е некој здравствен или психички проблем, но запамтете дека тоа е само склоност на детето да ги извршува повеќето движења само со едната рака. Побијте го митот дека детето мора да биде деснак. Тоа не е никакво правило за неговиот понатамошен развој.
