Здраво тело

Сонот и убавината се тесно поврзани!

Mозочните клетки за време на сонот се собираат за да отворат простор помеѓу невроните и да овозможат проток на течностите за испирање.

Истовремено, недоволното чистење на некои отровни протеини може да предизвика одредени дегенеративни болести во мозокот.

Мозокот има на располагање ограничена количина на енергија, а се чини дека мора да одбере помеѓу две резлично функционални состојби – будното/свесното или спиењето, но прочистувачкото. Можете тоа да го замислите како домашна прослава. Можете да ги забавувате гостите или да ја чистите куќата, но не можете да ги правите двете работи истовремено, вели докторката Маикен Недергаард и додава дека овој процес е витален за опстанокот на организмот.

Сепак, проблемот е што чистењето е толку комплексно што не е возможно додека сме будни. Мозокот тогаш губи премногу енергија за истовремено да ги обработува информациите.

 

Write A Comment