Мојата кујна

Направете вкусни кнедли од компир и слива

Потребно:

  • 50 грама Шеќер во прав
  • 100 грама Шеќер
  • малку   Сол
  • 500 грама Сливи
  • 30 милилитри Масло
  • 30 грама Маргарин
  • 1000 грама Компир
  • 250 грама Брашно
  • 1   Јајца/це

 

Подготовка:

Во лонец со вода варете го компирот додека не омекне. Додека компирот се вари, сливите измијте, исушете ги и извадете им ги семките. Сварениот компир исцедете го, па уште топол излупете го.

Изрендајте го или испасирајте го. Преместете го во подлабок сад и додадете јајце, малку сол, путер, шеќер и брашно. Сето тоа добро измешајте го и на побрашнета подлога расукајте на дебелина од 7-8 мм. Расуканото тесто со помош на нож исечете го на квадрати со дебелнина пд 5 см. На секој квадрат ставете по една слива.

Со раце преклопете ги краевите од квадратот и обликувајте топчиња, по потреба додадете уште брашно. Направените топчиња спуштете ги во посолена вода и варете ги додека да испливаат на површината.  Вадете ги со лажица – решетка. Топчињата посипете ги со шеќер во прав, па послужете.

 

Write A Comment