Изнинувањето е важно, бидејќи понекогаш од него зависи опстанокот на врската, тоа значи компромис, тоа значи дека личноста е ценета. Тоа неможе да ја поправи ситуацијата, неможе да го врати ниту времето, но ете да се каже извини значи многу повеќе отколку да не се каже ништо.
1. Едноставно за почеток кажи: извини
Овој збор користен сам посебе е многу добар, но само ако работите во детска градинка и ги учите вашите ученичиња како да кажат дека им е жал што го скршиле моливот на другарчето или што заборавиле да ја напишат домашната задача.
Кај жените тоа не оди баш толку лесно. Покрај ова ИЗВИНИ следат објаснувања. Најважниот дел од извинувањето во контекст на тоа извини е обајснувањето или изјавата која ја давате, а таа мора да биде, или пак да звучи искрено. Уште поважно, докажете дека ви е жал, дека се извинувате и за што всушност се извинувате.
2. Пет чекори до успешно извинување
Извинувањето е уметност, па затоа прочитајте како и вие да бидете уметник:
Прв чекор- запрашајте се каде и за што погрешивте.
Втор чекор-понудете објаснување без тоа да биде побарано од вас.
Трет чекор-изразете дека чувствувате грижа на совест.
Четврт чекор-понудете решение.
Петти чекор-објаснете и обидете се да ги искажете најдлабоките чувства зошто ви е жал.
3. Бидете оригинални
Постојат различни стратегии како да се каже “извини”, но сите тие зависат од карактерот на оној кој се извинувате. Овие стратегии не се користат за големи грешки, туку за некои ситни лаги или наречени бели лаги кои сте ги кажале.
Какви и да се, не дозволуајте да бидете фатени во лаги од типот, изгледаш одлично, иако вашата жена само што го родила вашето дете. Сепак ваквата лага-комплимент значи многу, иако таа нема да верува на вашите зборови.
