Избегнувајте големи и темни парчиња мебел, особено со црна и темно кафена боја. Користите мебел од посветло дрво, кој може дополнително да го искомбинирате со елементи во бела боја.
Доколку подот ви е со темна боја и имате некое темно парче мебел, вметнете бели елементи и детали во просторот – тепих, ламби, украси… Во ваков случај, белите врати, ѕидови и завеси се соодветен избор.
Одберете клуб маси од стакло, а притоа особено се погодни оние со заоблени рабови, кои даваат одлична рефлексија и дополнителна светлина во просторијата.
Ставете бели полици на ѕидот кои ќе допринесат за создавање на посветол амбиент во дневната соба.