Здраво тело

Дебелината е новата шема на модерното време!

Зглемувањето на просечната телесна тежина е еден од факторите кои сериозно можат да дејствуваат на општата слика за нас самите.

Доколку сте многу високи, па во поголема маса на луѓе Вие сте највисок/а, секако дека сте свесни за своите физички карактеристики. Но, замислете дека се наоѓате во иста просторија со некој кошаркарски тим – изненадно Вашата висина нема до толку да се приметува, бидејќи Вашата натпросечна висина во такво опкружување е еднаква на просечната, па ќе се осетите сосема нормално.

А замислете сега иста ситуација, со тоа што во центарот на вниманието нема да биде висината, туку тежина. Ви се чини дека е невозможно? За жал, се ова настанува секојдневие во земјите ширум светот, а посебно во Америка.

На пример, просечен американец има 10 кг. вишок во однос на својата идеална тежина. Доколку нормално изедначиме со проценти, нема да биде многу бесмислено ако од сето тоа извадиме заклучок дека е нормално да се биде човек со вишок на килограми. А пак, кога станува збор за децата и големиот број на возрасни особи кои имаат проблеми со вишокот на килограми , со тек на време тие почнуваат сами на себе да гледаат како на нови представници на “нормална тежина”. Овие особи се склони кон занемарување на својата тежина, бидејќи се убедени дека и сите преостанати околу нив изгледаат потполно исти. Во основа од сето ова може да се дојде до заклучок дека полека доаѓа до промена во веќе постоечкиот концепт во адекватната телесна тежина. Како границата за телесната тежина сè повеќе се подига, така доаѓа и до општото прифаќање на таквиот тип на луѓе. Тоа повлекува далеку озбилни последици и дејствува на тоа дека луѓето несвесно, сè повеќе се дебелеат.

Write A Comment