Ако се двоумите и не сте сигурни која боја најдобро ви стои на вашиот тен или боја на коса, а не сакате да експериментирате дознајте ги боите кои ви одговараат на сите.
Црната боја е стара, добра класика и добро ѝ стои баш на секоја жена, а притоа одлично се комбинира и со секоја друга боја. Затоа е и најзастапена во женската гардероба. Црната облека ви дава нота на елеганција и префинетост, а притоа успешно го сокрива вишокот килограми.
Темносината испраќа порака на удобност, сигурност и одговорност. Одлично им стои на сите жени, а најдобро се комбинира со бела, боја на слонова коска и боја на кожа.
Наспроти тоа што сивата можеби ве делува како досадна боја, сепак одлично им одговара на сите девојки, а одлично се комбинира и со сите други бои. Нејзината неутралност е она што ѝ дава посебна магија, а ако ја вклопите во комбинација со некоја силна боја, како жолта, розева или црвена, сигурно нема да ви изгледа досадно.
Виолетовата е исто така една од ретките бои кои добро им стојат на сите дами, без оглед на бојата на коса или тенот. Остава впечаток на раскош и самоувереност. Оваа сезона посебно се во тренд нежните виолетови нијанси.

