Ризликуваме два типа на протеини во намирниците: протеини кои потекнуваат од продуктите од животинско потекло, и извор на протеини од продуктите за исхрана од растително потекло.
Во храната од животинско потекло, најбогати продукти со протеини се: месото, рибата, млекото, млечните производи, кисело млеко, павлака, сладолед…) и јајца. А од растително потекло се: житарки, производи од житарки (брашно, леб, тесто, пециво, кекси…), компир и мешунки (грав, грашок, боранија, леќа, соја…). Во 100 грама од споменатите продукти има 10-20 грама протеините.
Истражувањата покажале дека речиси подеднакво се важни протеините од животинско и протеините од растително потекло, и дека треба да ги користиме во подеднаква количина во исхраната.
Човековиот организам не ги користи протеините во изворниот облик, така како што се внесува (наоѓа) во намирниците, така што, со варењето тие се разложуваат во аминокиселини, кои се важни за создавање на нови протеини, кои служат за обновување и градење на ќелиите.
