Дестинации

Оваа година во одморот вклучете и луди железници!

Оваа година за сите авантуристи имаме нови предлози.

Посетете некои од најатрактивните светски забавни паркови, а во исто време ќе може и да организирате тура низ градовите каде што се наоѓаат.

Така еден од нив е во Германија, Сребрена Ѕвезда е највисоката луда железница во Европа. Употребувајќи систем на бавно искачување со помош на синџир-лифт, таа ги води авантуристите до височина од 73 метри и потоа ги турка во пад со брзина од 130 километри на час и 4Г вертикална сила.

Оригиналната Кула на теророт, по своето лансирање во 1997 година, одвои над 8 милиони авантуристи од нивниот ручек. Потоа во 2010 година, оваа луда железница била преправена и претворена во уште пострашна верзија. Оние кои ќе се осмелат да се возат на неа се катапултирани од тунел нагоре кон вертикалната кула, достигнувајќи брзина од 161 километар на час за само неколку секунди. На врвот, на околу 35 метри височина, вие на една секунда „висите“ неподвижни и во бестежинска состојба, а потоа нагло паѓате кон земјата во застрашувачкиот тунел.

 

httpv://www.youtube.com/watch?v=vsDnBIn1ouk

 

 

httpv://www.youtube.com/watch?v=klzlNeOmlJ8

Write A Comment