Здраво тело

Дали знаете се за глутенот!

Глутенот е новата мистерија на времето за која читаме често колку бил штетен или дали бил добар.

Ова се некои факти кои треба да ги земете во предвид!

Глутенот ги топи мастите: Глутенот не дебелее, дебелеат калориите од каде и да доаѓаат. Понекогаш, безглутенскиот леб може да има повеќе калории од белиот леб. Суштината е во следното – ако внесете повеќе калории отколку што ќе потрошите, организмот ќе ги чува како масти и глутенот нема никаква поврзаност со тоа.

Детоксикацијата подразбира храна без глутен: Уште една заблуда. Можете да бидете на детоксикациска програма со или без глутен – изборот е само ваш. Глутенот не го намалува дејството на детоксикациските сокови или диети.

Глутенот е лош: Пченичниот протеин е опасен, но само за оние со алергиска реакција на глутен. Сам по себе овој протеин нема здравствени предности, но сепак оние кои го внесуваат имаат доволна количина на влакна, витамин Б, цинк и железо во организмот.

Сигурно имате нетолеранција на глутен: Ова не можете да го знаете со сигурност, сè додека не направите тест. Само ако тестот ја покаже вашата нетолеранција, тогаш можете да го исклучите во исхраната. Во спротивно, не ви носи никаква штета.

Глутенот предизвикува рак: За оние кои не се алергични на глутен, храната со глутен не го зголемува ризикот од рак. Но, ако постојат долгогодишни компликации кај луѓето кои имаат неизлечива нетолеранција, може да предизвика рак на дебелото црево.

 

Write A Comment