Здраво тело

МАСТИТЕ – ЗДРАВИ ИЛИ НЕЗДРАВИ???

Оние индивидуи кои што сакаат со текот на годините да ја зачуваат здравата телесна тежина, не би требало да бидат опседнати со внесувањето на масти во организмот, порачува тимот експерти од Институтот за метаболички науки при болницата Аденбрук во Кембриџ, Британија.

Процентот на калориите кој што се добива од внесувањето на мастите, за разлика од оној кој што е добиен од протеините и јаглехидратите, не е од никакво значење за килограмите кои што би можеле да се добијат со текот на годините, изјави за Ројтерс, водачот на истражувањето Д-р. Нита Форухи.

Не е од важност ни тоа какви маснотии се во прашање – здрави или нездрави, односно незаситени или заситени. Важно е само исхраната да биде урамнотежена и редовно да се спроведува физичка активност.

Д-р. Форухи и нејзините колеги до овој заклучок дошле при проучување на податоците од големото европско истражување за ракот и исхраната, кај кое во тек на 10 години се следени скоро 90 000 луѓе од шест земји на ЕУ.

Просечното внесување на маснотии во исхраната на луѓето кои што зеле учество во ова истражување изнесувал помеѓу 31,5 и 36,5 проценти од вкупните калории. Во просек, телесната тежина се зголемувала за осмина килограм на годишно ниво. Со анализата на податоците за нивната исхрана утврдено е дека внесувањето и видот на маснотиите немале пресудно влијание за зголемувањето на телесната тежина.

Сепак, тоа не значи дека луѓето треба да јадат масна храна колку што сакаат, бидејќи секако, тоа би било штетно по нивното здравје, туку не треба да бидат опседнати со тој фактор на исхрана, појаснува Д-р. Форухи.

Таа како добри препораки за исхрана ги наведува американските, врз основа на кои внесувањето на маснотии треба да изнесува од 20% до 35% од вкупните калории, при што предност треба да им се даде на маснотиите од рибите, семкастите плодови и растителните масла.

Докторката заклучува дека наталожувањето на килограмите со текот на годините може ефективно да се спречи ако се ограничи консумирањето на алкохол, храна која содржи дополнителни шеќери и масти, бидејќи тие го зголемуваат калорискиот внесување и имаат мала хранлива вредност.

Исто така, треба да се води сметка, со текот на времето порциите на храната да не се зголемуваат и редовно да се практикува физичка активност.

Write A Comment