Убавина

Волшебната “ Sassy“ вода која го топи салото од стомакот и симнува 3 килограми за 4 дена!

“Sassy“ водата е клучна состојка на “диетите за рамен стомак“ која ја има осмислено нутриционистот Синтија Сас. Таа дури тврди дека конзумирајќи од водата Sassy заедно со корегирана исхрана и физичка активност ќе изгубите три килограми за четири дена и 10 сантиметри во обемот!

Тој вкусен напиток кој го добил името по дамата која го измислила, освежува и витализира, а содржи минимален број на калории, и благотворно делува на организмот. На пример една од состојките е ѓумбирот кој ја намалува надуеноста и го смирува дигестивниот тракт.

Концептот на Sussy водата се заснова на фактот дека на човечкото тело му е потребно минимално осум чаши вода како би можело да функционира нормално. Нормално, таа количина е само ориентациона и појдовна точка бидејќи потребите за течност варираат од човек до човек, а зависи и од нивото на физичката активност.

Од таа причина, во текот на четирите главни денови, на почетокот на “диетата за рамен стомак“ препорачливо е да ја испиете целата порција наведена во рецептата. Исто така, препорачливо е конзумирање во главно овошје и зеленчук кои содржат големо количество на вода. Правилната хидратација на телото, помага во одржувањето н нивото на течност во телото, но и спречува затвор и надуеност на цревата.

Имајте н аум дека процесот на правење на Сасси водата, а потоа и пиењето на истата, всушност подсетник дека работите наскоро ќе се променат на подобро, и тогаш ќеможете да се фокусирате на долго посакуваната цел -рамен стомак еднаш засекогаш!

Состоjки: 8 чаши флаширана вода, 1 кафена лажица изрендан корен од ѓумбир, 1 свежа краставица од средна големина, излупена и исецкана на тенки кругови, 1 лимон од средна големина, исецкан на тенки кругови, 12 листови нане.

 Подготовка: Сите состојки ги промешувате во бокал и го оставате во фрижидер да преноќи. Го процедувате наутро, па “пијалокот“ испијте го во текот на денот во интервали кои вам ви одговараат!

Write A Comment