Летото е веќе тука, а со него и одмор, плажа, сонце… Направете сами масло за сончање кое истовремено ќе ве штити и ќе ја негува вашата кожа.
Восок и масло
Потребно:
– половина чаша бадемово или маслиново масло
– четвртина чаша кокосово масло
– четвртина чаша пчелин восок
– две лажици цинк оксид ( се продава во аптеките)
– две лажици путер
– екстракт од ванила или некое етерично масло по избор, за мирис
Подготовка:
На тивок оган стопете ги маслата, путерот и восокот. Кога ќе се излади додадете го цинк оксидот (внимавајте да не вдишете од правот). Се добро измешајте.
Користете го пред излегување на сонце.
