Motherhood

Дали знаете како се прават бебиња во Африка?

Родителите се тие кои одлучуваат дали и кога ќе имаат дете, но детето всушност само ги бира своите родители и пронаоѓа пат до нив, веруваат во едно афричко племе, на основа на логиката за која ќе посакате да биде реална.

Постои племе во Африка каде датумот на раѓање на детето на се пресметува од денот кога дошло на свет, ниту од моментот кога е зачнато, туку од денот кога детето било мисла во мачиниот ум. И кога жената ќе одлучи да има дете, таа доаѓа и седи под дрво, сама, и ја слуша песната на детето кое сака да дојде.

И кога ќе ја слушне песната на тоа дете, се враќа кај мажот кој ќе биде татко, и тој да ја научи. Потоа, кога водат љубов физички да го зачнат детето, некое време ја пеат песната на детето, како начин да го повикаат.

И кога ќе забремени, мајката ги учи бабиците и другите стари жени во селото да ја пеат оваа песна, со цел кога детето ќе се роди, старите жени и луѓето околу неа да ја пеат оваа песна како знак за добредојде.

Подоцна додека детето расте, и другите селани ја учат неговата песна. Ако детето падне, или го повреди коленото, некој ќе го подигне и ќе му ја отпее.

Ако во било кој момент во текот на неговиот живот, направи некое зло дело, го повикуваат во центарот на селото и сите луѓе од заедницата го окружуваат и му ја пеат оваа песна.

Племето смета дека корегирањето на антисоцијалното однесување не е казна, туку љубов и потсетување на идентитетот. Кога ќе ја препознаете својата сопствена песна, немате желба и потреба да направите нешто со што би повредиле некој друг.

 

Write A Comment