Motherhood

Поголеми стапала по бременоста !!! Мит или реалност ???

По порудувањето многу жени ќе забележат нешто што не го очекувале!!! Поголеми стапала за пола или дури цел број.

Не станува збор за отекување на стапалата ( тоа е минато) ниту пак за додатни килограми во бременоста. На над 90 проценти од младите мајки после бременоста им се потребни нови чевли и тоа за пола или цел број поголеми од времето пред бременоста. Тоа не е ништо необично, тоа е само нормална појава која се јавува кај над 90 проценти од трудниците.

Што навистина се случило?

Всушност стапалата во бременоста не „пораснале“ во вистинска смисла на зборот, туку само се сплоснале!!! Станува збор за пад на лакот на стопалото ( она што често се нарекува равно стапало), причината за тоа е влијанието на хормонот релаксин. Задачата на релаксионот е да им помогне на лигаментите кај трудниците да се опуштат. На тој начин доаѓа до поголема флексибилност н ребрата кои се шират овозможувајќи простор за раст на бебето, како и на карлицата при самото породување . Хормонот не може селективно да делува само на тие делово и поради таа причина стопалото се сплеснува поради поголемата тежина на трудницата.

Не постои никаков начин да се спречи оваа појава, тоа е природна појава која не треба да Ве зачудува.

Имено ако некогаш, поточно пред 9 месеци сте носеле обувки со број 38 сега навикнете се на обувки со број 39… уште една голема причина за изговор дека Ви требаат нови чевли !!!

Write A Comment