Убавина

Рамен стомак за 7 дена!

Летото е пред нас, летната облека не чека, а тука негде се и летните домори. За да се чувствуваме убаво во костимите за капење потребна е макотрпна работа за да ги отстраните трагите од зимската исхрана и големата улежаност. Но, не ја губете надежта веднаш. Пробајте го овој 7 дневен режим по кој ќе добиете рамен стомак.

Внимавајте на стресот. Тешко е да се исконтролирате, но знаевте ли дека тој е главен виновник за таложење на масните наслаги? Стресот е погуен за здравјето и убавиот изглед. Пробајте на смирен начин да ги примате работите.

Избегнете ги лошите навики

Пробајте без аклохол, цигари… една недела ќе биде доволна за да почувствувате некаков ефект.

Течности

За здравје и брзо слабеење треба да пиете многу течности, особено вода. Но, не претерувајте. Само треба да внимавате на тоа да не сте премногу долго време жедни.

Исхрана

Избегнете ја солта, колку што е можно повеќе. Слатките се голем причинител за масни наслаги. Јаглехидратите кои тие ги содржат во телото се таложат и се претвараат во масни наслаги. Јадете свежо овошје, зеленчук и здрави јадења од варен зеленчук. Имајте го на ум и јогуртот, тој е идеален за топење на масните наслаги.

Силата на вежбите

Ако имате цел да го изгубите самото потрудете се да најдете време и да си направите навика, барем 15 минути секој ден да правите стомачни вежби.

Пешачење

Пешачењето е одлично за циркулацијата. Забрзајте ја и на тој начин помогнете полесно да се стопат масните наслаги.

Write A Comment