Направете сами едноставен пилинг од цитрус, кој ќе мириса преубаво додека сте под туш, од потполно природни состојки, за мека и нежна кожа…
Состојки:
100 грама морска сол
100 грама маслиново масло
1 или 2 парчиња лимон
1 или 2 парчиња портокал
Подготовка:
1. Исмешајте или изблендирајте ги во сад морската сол и маслиновото масло.
2.Во блендерот, додајте ги двете парчиња лимон и портокал или исцедете го нивниот сок, а кората исечкајте ја ситно и помешајте ја со солта и маслото.
Доколку имате раничка на телото, наместо морска сол, можете да додадете кафеав шеќер.
Пилингот употребувајте го секој ден додека се туширате така што ќе го нанесувате со кружни движења по целото тело, а потоа измијте го целосно.
