Bridal

Чудни и необични свадбени традиции низ светот

Секое општество има свои традиционални обичаи, кои понекогаш се чудни и неразбирливи за останатите. Ви претставуваме дел од најчудните и најнеобичните свадбени традиции низ светот:

Индиска свадба: Жртвување

За Индијците, свадбената церемонија вклучува многу религиозни моменти, меѓу кој најважен е моментот на жртвување, најчесто на некое животно, за да се задоволат боговите.

Данска свадба: Се чува во тајност

Данците веруваат дека јавна свадбена церемонија ќе ги разгневи духовите. На крајот на свадбената церемонија, невестата и младоженецот кршат кригла за пиво, а парчињата од криглата ги собираат немажените девојки. Онаа која ќе го земе најголемото парче е следна која ќе се мажи.

Германска свадба: Кршење на чинии и бокали

Секој гостин на германска свадба зема неколку чинии и бокали и ги крши за време на церемонијата. Според традицијата, со кршењето на чиниите се верува дека младите ќе се ослободат од проблемите и дека ќе имаат среќен брак.

Руска свадба: „Колку е горко“

На руските свадби често ќе чуете како некој извикува „Колку е горко“, а потоа останатите гости му се придружуваат. Всушност, гостите сакаат да кажат дека виното кое го пијат е горко и дека младенците треба да го заблажат со бакнежи.

Француска свадба: Едноставна церемонија

Во повеќето традиции свадбата е голем настан со многу гости. Но французите претпочитаат интимност и едноставност, па најчесто свадбените церемонии во франција се склучуваат од 9 наутро до 5 попладне во вторник, чеврток, петок или сабота.

Еврејска свадба: Мора да се мисли на светата војна

Еврејскиот младоженец мора да скрши чаша со својата десна нога за да ги потсети другите да ја одржуваат светата војна и да го зачуваат јудаизмот.

Јапонска свадба: Традиционален Шинто

За време на свадбената церемонија, Шинто свештеничка се моли за среќа на младенците, а на крајот на церемонијата младенците заедно пијат вино направено од ориз.

Индијанска свадба: Молчење на отворено

Индијансите свадби секогаш се одржуваат под отворено небо и пред целата заедница, но претставуваат тивок и молчалив настан.

Филипини: Фустан за невестата, но и за младоженецот

Невестата се облекува во традиционален бел фустан, но и младоженецот се облекува во фустан наречен баронг, кој е традиционална машка носија на Филипините.

Write A Comment