ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1 долга краставица
* 1 супена лажица сол
* 1 чшешне лук, ситно исецкан
* 1 лажица маслиново масло
* 500гр грчки јогурт, или густо кисело млеко
* 1 лажица сок од лимон
* 1 лажица ситно исецкано нане или копар (по вкус)
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Излупете ја краставицата и исецкајте ја на ситни парчиња, па измешајте ја со солта. Најдобро е тоа да го направите еден час пред да ги додадете останатите состојки. Ставете ја во целадлка за да се исцеди вишокот на вода.
Убаво измешајте го јогуртот, маслиновото масло и лукот во мазна паста пред да ја додадете краставицата. Додадете го сокот од лимон, копарот или ненето и досолете според вкусот. Некој става и малку црвен пипер на површината како декорација. Салатата ставете ја во фрижидер до послужување и уживајте!
