Motherhood

Срамно ли е да си “стара мома”?

Мајка ми ми велеше дека ако една жена не се омажила до 25 години, тоа значи дека или е премногу грда, или премногу убава. Во нејзино време така стоеле работите. Сега границата се помести за неколку години, но прекарот “стара мома” си останува истата срамна дамка.

Едвај наполнив 23 и мајка ми почна да паничи, дека дури немам ниту момче. “Девојче, ориентирај се некаде, престани да избираш! Биолошкиот часовник ти отчукува.” Повторуваше таа. А јас само ја гледав и се прашував на оваа жена каква ли кукавица и е влезена во главата?!

За мене сепак староста не се мери со бројот на јајцеклетките, ниту со брчките на лицето. И цврсто сум убедена дека не постојат стари моми, постојат страи сваќања!

Не мислете дека не сакам семејство и деца. Се разбира дека сакам! Но не кога ќе закука мојата кукавица, туку кога ќе имам сопствен покрив над главата. Ќе ме прекине: “Љубовата не се купува со пари!”. Да, но кажете го тоа на производителите на пелени, бебшки пиреа, цуцли, шишенца, колички и така натаму. Сори, но само од љубов децата не се хранат!

Сакам деца, но не по секоја цена и не сега, туку кога ми е пишано. Ако пак не ми е, јас ќе си го напишам. Бидејќи никогаш не е премногу доцна да станеш мајка.

Не, не ми е страв дека ќе останам стара мома! Никогаш не е доцна да се вљубиш или да станеш мајка, страшно е, ако си подранил!

Write A Comment