Лубеница – за многумина, ова овошје претставува симбол на летото. Нема ништо поубаво од тоа да се освежите со неа по напорниот ден. Сепак, оние досадни семки, можат да ви го расипат уживањето.
Не грижете се! Со помош на ова упатство совладајте ја техниката за најлесно отстранување на семките од ова вкусно овошје.
Најпрво на лубеницата отсечете и ги двата краја. Ставете го овошјето на даска за сечење и со нож отстранете ја кората. Исчете ја лубеницата на половина, а потоа секоја половина исечете ја како да сечете леб. Потоа, како што е прикажано во видеото, отстранете ги семките.
httpv://www.youtube.com/watch?v=-TqTCSWixi0#t=15
