Во последно време една силна модна тенденција што ги поставува своите стабилни основи и дава прогноза дека долго ќе трае како тренд е постепеното упростување на венчаницата со цел да се добие еден навистина софистициран стајлинг за со тек на време кич елементите сосема да се исфрлат од употреба.
Венчаницата не смее да изгледа нападно, да има толку многу детали што човек да не знае која е поентата на сето тоа. Во модата секогаш важи едно правило кое гласи: „Помалку е повеќе“. Сите модни гафови најчесто се како последица од занемарување на ова правило. Еве една колекција што ги исполнува тие критериуми и покажува колку елегантно, гламурозно и раскошно изгледа едноставноста.


















