Убавина

Освежете ја косата по престојот на плажа

Морската сол и високите температури ја сушат косата, а најдобро ќе ја обнови регенератор кој не се мие. Од хлор заштитете ја со бебешко масло, а во недостиг од време ќе ви помогне и шампон за суво миење на косата.

Регенератор кој не се мие длабински ја храни косата

Високите температури, морската сол и ветерот ја сушат косата и во лето треба да обрнете посебна грижа за неа. По враќањето од плажа или базен, косата треба да ја измиете и да нанесете регенератор кој не се мие. Тој длабински ќе ги нахрани влакната и ќе спречи нивно пукање. Најдобар избор е регенератор кој содржи протеини и керамид бидејќи тие ги измазнуваат кутикулите на влакното што особено се препорачува за бојадисна коса.

Кокосово масло спречува пукање на косата

Освен регенераторот, косата по плажа најдобро е да ја нахраните со кокосово масло. Тоа е одлична алтернатива за поборниците на природна козметика, а делува исто како и регенераторот кој не се измива. Кокосовото масло ги измазнува кутикулите на влакната а со тоа се намалува ризикот од пукање на влакната. Доволно е на рацете да нанесете неколку капки, да ги протриете и потоа да го измасирате во скалпот. Најдобро делува на свежо измиена коса бидејќи полесно се впива.

Бебешкото масло ја штити косата од хлор

За фарбана коса, освен морската сол, опасна е и водата од базен. Таа е богата со хлор, а поради тоа косата може да позелени. Затоа пред капење се препорачува да нанесете неколку капки бебешко масло на ксоата, што ќе спречи промена на постојната боја, а по излегување од базенот само измијте ја со обична вода. Ако косата позелени, тогаш спасот лежи во кечапот. Доволно е да го нанесете на косата, оставете да делува 15 минути и исплакнете. Сосот ќе ја неутрализира зелената боја.

По плажата косата не трпи пегла и фигаро

Морската сол и високите температури можат да ја измачат косата, па затоа по капењето не се препорачува да ја третирате со пегла или фигаро. Топлината може дополнително да ја оштети и онака ранливата коса, па косата побрзо ќе се распука. Особено на удар се врвовите кои се поистанчени за разлика од остатокот од косата.

Банани и бадемово масло ќе ја нахранат косата

Длабинските оштетувања може да бидат поправени со маски за коса. Маска од банана и бадемово масло ќе ја нахранат косата и ќе ја направат мазна. Доволно  е да испасирате една банана и да додадете неколку капки бадемово масло и да нанесете на косата. Оставете да делува 20 минути, а потоа исплакнете.

Write A Comment