Мојата кујна

Вкусете го мирисот на летото – панакота со капини

Потребно е: 1/2 шолја слатка павлака, 1/2 шолја полномасно млеко, 1 пакување желатин, 1/2 шолја шеќер, 350 мл грчки јогурт, 1 1/3 шолја капини, 1/4 шолја вода, 3 лажици мед, прстофат сол, 1/2 лажички кора од портокал.

Подготовка: Прво промешајте го млекото и слатката павлака во една поголема шолја. Во средна чинија измешајте 1/4 од оваа мешавина со една лажичка желатин. Добро промешајте и оставете да отстои барем 5 минути. Во одвоена чинија, соединете јогурт и шеќер. Останатата мешавина од млеко и слатка павлака загрејте ја до вриење, а потоа врелата течност налејте ја во чинија со желатин. Енергично мешајте додека сите грутки не се растопат. На крајот оваа мешавина налијте ја во чинијата со јогурт и шеќер, и добро изматете со мискер. Од оваа смеса ќе добиете четири средни колачи. Ставете го кремот во шолји или чаши во кои ќе ги служите. Ставете ги во ладилник, најмалку два часа.

За преливот од капини, преостанатиот желатин измешајте го со три лажици ладна вода, и оставете да отстои околу 5 минути. Капините, медот, водата, солта и кората од портокал измешајте ги и ставете да се готви околу 10 минути. На крајот додадете желатин и мешајте додека сè не се стопи. Со ова прелијте ги колачите, оставете сè да се олади.

Write A Comment