Motherhood

Спорт по мерка на вашето дете

На која возраст може детето да почне да се занимава со спорт зависи од физичкиот развој и од зрелоста. Базенот е идеален и за деца помали од 3 години: нивниот неврен систем веќе достигнал степен на развој во кој тие сфаќаат кои движења треба да ги користат за да се одржат во вода.

Скијање, атлетика или уметничко лизгање би тфребало да се одложи до 5-6 година. На оваа возраст, децата се веќе отпорни на евентуални трауми кои можат да бидат предизвикани од пад. И мускулите се посилни и поиздржливи.

Околу 10-тата година може да почнете со други спортови, како што е, на пример тенис, кој бара посилно движење.

Write A Comment