Мода

Познатите советуваат: Како да носите риги на разни начини

Морнарскиот стил, црно-белите и црвено-белите риги сеуште се актуелни. Одлични за опуштени и елегантни изданија, комбинациите со риги се доста тренди оваа сезона.

Црно-белата маичка одлично одговара со бели панталони, а нема да згрешите ако преку неа облечете тексас кошула, а сите потребни ситници ставете ги во црна ташна. Со ригите одлично одат тексас шорцеви, појас со метални детали и црвен лак на ноктите.

Црвено-бела комбинација најдобро е да се носи со сини панталони или со здолниште во иста боја.

И едноставна комбинација може да ја зачините со необична чанта со реси.

Со маичка на риги може да носите и фармерки во бела боја, а шеширот како моден додаток е задолжителен за ова лето.

Темно сина-бела маичка, сиви панталони, розев џемпер ќе ви бидат доволни за прошетка со стил.

 

 

 

Write A Comment